Хрватскиот фудбалски репрезентативец Иван Смолчиќ пред пријателскиот меч со Бразил во ноќта вторник кон среда, раскажа анегдота од престојот во Орландо како возачот на такси не го препознал легендарниот Лука Модриќ.
„Господинот што нè возеше од аеродромот рече дека возел двајца играчи пред нас. Ни покажа слика од Дује Чалета-Цар и Лука Модриќ. Го возеше ли Лука?, го прашавме. Овој?, праша тој. Му одговоривме: Да, зарем не го познаваш ли Лука? Ти си првата личност што не го препозна. Батурина му рече дека е прашање на општа култура да се знае кој е Модриќ“, рече Смолчиќ.

