Баутиста Агут е најопасен во јануари, освои титула во Доха

Шпанскиот тенисер Роберто Баутиста Агут е победник на турнирот во Доха, Катар, откако во финалето беше подобар од Томаш Бердих со 6-4, 3-6, 6-3. Завчера Баутиста го изненади Станислас Вавринка, вчера го шокираше најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, и откако ја заврши најтешката работа, денеска не дозволи титулата да му побегне од раце.

Баутиста во кариерата има девет освоени турнири, а веќе четврта година по ред тој зема титула во првите две недели од јануари. Чехот Бердих се врати после шестмесечна пауза, па и пласманот во финалето за него е добар резултат.

После Рафаел Надал од 2014 и Давид Ферер од 2015, Баутиста е третиот Шпанец што го освоил овој турнир од АТП 500 серијата.

Сега Баутиста оди во Оукленд каде ја брани титулата од лани, а потоа почнува на првиот гренд-слем во годината, Австралијан опен.

- Оглас -

Најнови вести