Баварската машина конечно проработе и тоа кога е најпотребно, пред двомечот со ПСЖ (Видео)

Фудбалерите на Баерн Минхен, по три ремија, конечно ја остварија првата победа во Бундеслигата во 2023 година, и тоа на убедлив начин.

Баварците со 2:4 славеа на гостувањето кај Волфсбург во рамки на 19-то коло и се вратија на првото место на табелата со 40 бода, еден повеќе од Унион Берлин.

Баерн пред четири дена исто така постигна четири гола, против Мајнц во Купот на Германија, и најави дека влегува во посакувана форма пред двомечот со ПСЖ во осминафиналето во Лигата на шампионите. Првиот дуел со Светците треба да се игра за девет дена во Париз.

https://twitter.com/i/status/1622279136092819457

Баерн дилемите околу победникот ги реши во првите 19 минути кога постигна три гола. Кингсли Коман во деветтата и 14-та минута постигна два гола, додека Томас Милер во 19-та зголеми на 0:3. Коман вториот гол го даде по асистенцијата на зимското засилување Жоао Кансело.

https://twitter.com/i/status/1622284697677058048

Волфсбург во финишот од првиот дел, преку Камински намали на 1:3, но Џамал Мусиала во 73-та минута ја завери победата на Баерн.

Домаќините до крајот на средбата успеаја да постигнат уште еден гол, во 81-та минута преку Сванберг со кој го ублажија поразот.

- Оглас -

Најнови вести