Со головите на Хумелс и Левандовски, двајцата поранешни играчи на Б. Дортмунд, Баерн води со 2-0 против „милионерите“ по 17 минути игра во „Дер Класикер“ дербито во Германија.
Ова е меч кој може да ја одлучи шампионската титула, а доколку резултатот остане вака, односно победат Баварците, на пет меча до крајот на шампионатот тие ќе избијат на лидерската позиција на табелата со еден под повеќе од нивниот ривал.
Германскиот дефанзивец постигна гол во 10-тата минута, за потоа полскиот голгетер да зголеми на 2-0 само седум минути подоцна. Роберт Левандовски испиша нови страници во историјата на германскиот фудбал, откако стана прв играч кој реализирал во пет последователни средби против поранешен клуб, во случајот Б. Дортмунд.
Oд дербито кое се игра на „Алијанц арената“ измина половина час, на „милионерите“ им пресотануваат уште 60 минути да се вратат во игра.