Баерн Минхен оваа сезона руши рекорди и на теренот, но и надвор од него. Баварците имаат 15 победи на 15-те официјални натпревари оваа сезона, а според најновиот финансиски извештај, имаат и рекордни приходи за сезоната 2024/25.
Германскиот гигант остварил приход од 978,3 милиони евра, што е раст од 2,8% во споредба со претходната сезона. Најголемите приходи се од натпревари, дури 260,7 милиони евра, па следуваат ТВ-правата и маркетингот со приход од 240,4 милиони евра, а единствениот пад го бележат во сумата од продажба на фудбалери. По овој основ приходот паднал од 186,1 милиони евра на 117,7 милиони евра.
На крајот, добивката по оданочувањето изнесува 43,1 милиони евра. Баерн Минхен бележи пораст и на бројот на членови, па така од 382.000 сега имаат 432.500.

