Бејл и Кјелини од наредната сезона ќе играат „преку барата“

Герет Бејл и Џиорџо Кјелини најверојатно од наредната сезона ќе ги гледаме во МЛС лигата.

Велшанецот, кој што добива мала минутажа во Реал Мадрид, преговара со ењкипата на ДЦ Јунајтед, а според тамошните информации тој ќе биде најплатениот фудбалер во историјата на клубот и ќе има примања поголеми и од Вејн Руни кој своевремено го носеше дресот на овој МЛС тим.

Кјелини, пак, сè уште нема започнато преговори со одреден тим, но тој посакува по крајот на оваа сезона да да се пресели во САД и веројатно таму да ја заврши кариерата.

Договорот на дефанзивецот со Јувентус истекува на крајот од оваа натпреварувачка година, а тој ќе го напушти тимот за кој игра од 2004 година и запиша 421 настап.

- Оглас -

Најнови вести