Македонија денеска ги добива противниците на женското ракометно ЕП

ЕХФ одлучи наместо на 16 мај, како што беше првично планирано, ждрепката за составот на групите на женското Европско првенство кое се игра во декември годинава да се одржи денеска, од 18 часот, во полскиот град Катовице.

Ждрепката ќе се емитува во живо на EHFTV, на YouTube каналот на EHF, како и на телевизискиот канал Арена спорт Премиум 3.

Меѓу 24-те тима кои се квалификуваа за женското Евро 2026 е и Македонија, која е во последниот, четврти шешир. 

Шешир 1: Норвешка, Данска, Унгарија, Франција, Шведска, Холандија;
Шешир 2: Германија, Црна Гора, Полска, Романија, Шпанија, Чешка;
Шешир 3: Турција, Словачка, Словенија, Швајцарија, Австрија, Фарски Острови; 
Шешир 4: Хрватска, Србија, Исланд, Македонија, Украина, Грција.

Прелиминарната рунда ќе се одржи во шест различни града, и тоа: Орадеа и Клуж-Напока во Романија, Анталија во Турција, Брно во Чешка, Катовице во Полска и Братислава во Словачка. 

Првите две екипи од секоја од шесте групи од прелиминарната рунда ќе се квалификуваат за втората рунда, која ќе се игра во Клуж-Напока (екипи од групите А, Б и Ц) и во Катовице (екипи од групите Д, Е и Ф).

Финалниот викенд ќе се игра на „Сподек арената“ во Катовице на 18 (полуфинале) и 20 декември.

Билетите за сите фази од турнирот се веќе пуштени во продажба. Повеќе информации на tickets.eurohandball.com.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести