Чеферин на средба во Владата на Македонија

Првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин, откако беше пречекан на скопскиот аеродром од претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, со него замина во Владата на Македонија, каде што беше примен од премиерот Христијан Мицкоски и министерот за спорт, Борко Ристовски.

Чеферин е во официјална посета на Фудбалската федерација на Македонија на покана на претседателот Омерагиќ.

„Денес, заедно со претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, остваривме важна средба со првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин. Разговаравме за идните насоки за унапредување на фудбалот во Македонија – од реализација на значајни инфраструктурни проекти, до дополнителен развој и силна поддршка на младинските категории. Убеден сум дека оваа средба ќе придонесе за продлабочување на соработката преку нови конкретни проекти и иницијативи под капата на УЕФА, со цел создавање подобри услови за развој на фудбалот на сите нивоа. Продолжуваме посветено да работиме за развој на македонскиот спорт и создавање услови за нови успеси. Оваа посета на претседателот Александар Чеферин е силна потврда за меѓународната поддршка што ја добива македонскиот фудбал. Заедно градиме подобра иднина за нашиот спорт!“, објави министерот Ристовски.

Претседателот на Владата, Мицкоски, истакна дека остварил средба со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, на којашто разговаравле за визијата, развојот и перспективите на фудбалот.

„Продолжуваме со силна посветеност кон создавање услови за напредок, инвестиции и нови можности за младите таленти“, порача Мицкоски на „Фејсбук“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести