Бејл и Ремзи ќе бидат соиграчи во клуб од Чемпионшип и ќе се борат за влез во Премиер лигата?!

Најголемите велшки фудбалски ѕвезди во поновата историја, Герет Бејл и Арон Ремзи, би можеле да станат соиграчи во ист клуб.

Британски медиуми најавуваат дека велшкиот Кардиф, кој се натпреварува во Чемпионшип, сака да ги донесе Бејл и Ремзи во своите редови и така засилен да се бори за влез во англиската Премиер лига.

Бејл бара клуб во кој би играл редовно за да биде во добра форма на Светското првенство. Тој е слободен играч и ако се договори за платата, може без проблем да заигра за Кардиф, додека Ремзи е под договор со Јувентус, а минатата сезона играше како позајмен за шкотскиот Ренџерс.

- Оглас -

Најнови вести