Бејл им се закани на Аѕурите: Сакаме да ја освоиме групата

Герет Бејл, капитенот на Велс, испрати закана до разиграната Италија која досега покажа најубедлив настап на Европското првенство со две победи од по 3-0 над Турција и Швајцарија.

Разликата е само два бода меѓу двете репрезентации во пресрет на меѓусебниот дуел по кој ќе се знае конечниот распоред во групата А, за која Бејл вели дека сака да ја освои.

„Имаме победнички менталитет и така сакаме да продолжиме. Да се обидеме да ја совладаме Италија среде Рим, да ја освоиме групата, тоа е нашата цел за да имаме успешно првенство. Иако противникот практично игра дома, ние ќе пристапиме на овој меч како и на секој друг, нормално дека ќе дадеме максимум за да оствариме победа. Самиот настап на ЕП треба да биде мотивација за секој играч, а ако тоа не е доволно, тогаш не треба да си дел од овие големи натпреварувања“, посочи Бејл.

Дуелот Италија – Велс е закажан во 18 часот, а во истиот термин се игра и вториот дуел од групата А меѓу Швајцарија и Турција во битката за третото место.

- Оглас -

Најнови вести