Бејл му ги скрати маките на Реал Мадрид

Уеска одигра добар меч против Реал Мадрид, прв за нив против гигантот во Ла Лига, но сепак загуби, минимално со 0:1.

Герет Бејл постигна гол по долг период за „кралскиот клуб“ и тоа во осмата минута со кој гостите од Мадрид победија против аутсајдерот.

Уеска им пружи одличен отпор на фаворитите, имаше дури и неколку шанси за сензација, но не успеаја да го совладаат сигурниот Тибо Куртоа.

Тимот од Уеска за првпат игра во најсилната шпанска лига и првиот меч против најтроефјниот шпански клуб им беше солиден.

Со новиот пораз тие останаа на последното место на табелата со 7 бодови, а Реал се проби на четвртата позиција со 26 бодови.

- Оглас -

Најнови вести