Бејтулаи по Нова година оди во Трабзонспор

Егзон Бејтулаи, македонскиот фудбалски репрезентативец и член на Шкендија, има одлична понуда од Трабзонспор за да се пресели во турскиот шампионат во јануарскиот преоден рок и за очекување е да ја прифати, па Бејтулаи во јануари би го облекол дресот на овој турски прволигаш.

Освен од Турција, 25-годишниот Бејтулаи има понуди и од клубови од Словачка и Полска, а летоска за него се интересираше и еден друг турски клуб (Гозтепе). Во Трабзон се во потрага по десен бек и му имаат фрлено мерак на македонскиот дефанзивец.

Бејтулаи кариерата ја почна во Тетекс, а потоа се пресели во Шкендија, чиј дрес го носи седум сезони. Беше член на младинската репрезентација која играше на историското ЕП во Полска, а сега е стандарден во сениорскиот национален тим.

- Оглас -

Најнови вести