Светското првенство во САД, Мексико и Канада започнува на 11 јуни, а додека клупската сезона е во мирување, многу клубови имаат причина за гордост.
Според анализата која ги опфатила 1.248-мина повикани фудбалери, Манчестер сити е клубот со најмногу претставници на претстојниот Мундијал.
Англискиот гигант ќе има дури 19-мина играчи во составите на 12 различни репрезентации, со што повторно го презеде рекордот. На Светското првенство во 2022 година рекордер беше Баерн Минхен со 17-мина фудбалери, додека Манчестер сити и во 2018 година беше лидер со 16-мина претставници.
Меѓу играчите на Сити кои ќе настапат на Светското првенство се Ерлинг Халанд, Родри, Бернардо Силва, Рубен Дијаш, Јошко Гвардиол, Матео Ковачиќ и многу други.
На листата на клубови со најмногу репрезентативци веднаш зад Манчестер сити се Баерн Минхен со 18-мина играчи, а следуваат Арсенал и ПСЖ со по 16-мина, додека Барселона има 15-мина претставници.
Најуспешен клуб надвор од Европа е Ал-Хилал, кој на Мундијалот испраќа 12-мина фудбалери.
Клубови со најмногу играчи на Светското првенство:
1. Манчестер Сити – 19
2. Баерн Минхен – 18
3. Арсенал – 16
3. ПСЖ – 16
5. Барселона – 15
6. Ал-Хилал – 12
6. Атлетико Мадрид – 12
6. Кристал палас – 12
6. Манчестер јунајтед – 12
10. Борусија Дортмунд – 11
10. Галатасарај – 11
10. Ливерпул – 11
Вкупно 1.248-мина фудбалери од дури 453 различни клубови ќе настапат на најголемата фудбалска сцена ова лето.

