Егзон Бејтулаи и официјално го облече дресот на Хелсинборг. Македонскиот репрезентативец се обврза на договор до јуни 2022 година.
„Многу сум среќен што дојдов во клуб кој има добри услови и одлични фанови. Се надевам дека ќе успеам да ги израдувам навивачите и ќе одиграм на високо ниво“, изјави 26-годишниот македонски репрезентативец.
https://twitter.com/HelsingborgsIF/status/1214570689958678529
Бејтулаи со овој потпис само ја надополни низата на играчи кои си заминаа од Шкендија. Претходно од таборот на македонскиот шампион си заминаа и Зени Хусмани, Јакуп Бериша и Шефит Шефити.