Македонскиот првак Шкендија утревечер (20 часот) на Националната арена “Тодор Проески” го пречекува Карабах, шампионот на Азербејџан, во второто коло од квалификациите во Лигата на шампионите.
Тренерот Јетон Беќири верува дека неговиот тим може да одигра на високо ниво.
“Карабах е многу квалитетен тим, во последните 12 години освои 11 шампионски титули во Азербејџан. Ние треба не само да го дадеме максимумот, туку да одиме и над лимитот на нашите можности”, изјави тренерот Јетон Беќири.
Напаѓачот Бесарт Ибраими истакна дека тимот е подготвен за ново надигрување.
“Сигурно ќе го дадеме максимумот, а веруваме и дека можеме да направиме нов историски резултат”, изјави Бесарт Ибраими.