Што да прави Ракитиќ, погодува само против својата Севилја

Иван Ракитиќ постигна гол против Севилја, во победата на Барселона од 6-1 со која е елиминиран противникот во „Копа дел Реј“, а хрватскиот репрезентативец има интересна изјава.

„Не може да биде полошо за мене. Ретко давам голови и како по прваило, тоа ми се случува против Севилја. Не ми е сеедно, но ѝ должам на Барселона и таков е спортот и фудбалот, не може да избираш“, вели популарниот Ракета.

Тој одигра извонредни три години во Севилја, од 2011 до 2014 година, и потоа се пресели во Барселона, екипа за која ја игра петтата сезона.

Ракитиќ беше стрелец и на еден гол на дуелот во Ла Лига оваа сезона, а Барселона ја победи Севилја со 4-2.

- Оглас -

Најнови вести