Белами: Бевме подобар тим, разочаран сум што освоивме само еден бод

Селекторот на Велс, Крег Белами, е разочаран што неговата екипа не победи во Скопје, иако буквално во последната секунда гостите се спасија од пораз и од Арената си заминаа со 1:1.

„Да бидам искрен, последните шест минути воопшто не го гледав семафорот. Ако ја погледнам играта, ние го контролиравме мечот. Бевме подобар тим, но фудбалот знае некогаш да биде суров. Примивме гол, но потоа видов група на играчи кои беа подготвени да се борат. Да бидам искрен, според играта која ја имавме, разочаран сум што си заминуваме само со еден освоен бод. Сепак, на крајот и овој бод може да биде многу значаен“, рече Белами на прес-конференцијата веднаш по средбата против Македонија.

Тој додаде дека очекувал македонските фудбалери да дадат повеќе на теренот.

„Да бидам искрен, очекував подобра игра од Македонија. Мислев дека ќе бидат поагресиви, дека ќе држат темпо, но кога видовме дека тоа не се случи, комплетно ја презедовме иницијативата. Затоа сум разочаран што не победивме“, додаде Белами.

- Оглас -

Најнови вести