Белами е антианглиски настроен, се повлече од Академијата на Кардиф

Крег Белами имаше нескротлив темперамент како играч, а и сега како тренер има многу проблеми по обвинувањата за антианглиско однесување во Академијата на премиерлигашот Кардиф.

Тој е обвинет од родителите на поранешен младинец во Академијата на велшкиот тим дека момчето било навредувано од Белами само затоа што е Англичанец.

Алфи Мејден на 17-годишна возраст се откажа од младинската Академија на Кардиф поради, како што вели, навреди на национална основа од неговиот тренер Крег Белами.

„Не можев да поверувам во таквите приказни. Синот ми тврдеше дека Белами не ги почитува и ги навредува сите деца што не се Велшани. Го советував да го почитува тренерот, без разлика на навредите, но Белами потоа одбил да се ракува со него и со уште две деца. Како поранешен фудбалер велам дека ова е голем срам за фудбалер од негов калибар“, изјави Дејвид Мејден, татко на момчето кое било навредувано од Белами.

Најавена е истрага за случајот „Мејден“, а Белами одлучи привремено да се повлече од позицијата тренер на тимот на Кардиф за момчиња до 18 години.

- Оглас -

Најнови вести