12.8 C
Skopje
понеделник, 17 ноември 2025

Белами: Играњето дома е предност, Македонија се брани длабоко и опасна е во контри

Селекторот на велшката фудбалска репрезентација, Крег Белами, рече дека победата против Македонија многу би им значела затоа што во полуфиналето на баражот за Светско првенство би играле дома, што е голема предност.

„Секогаш е од голема помош во кој било спорт кога играте дома. Така и утре. Мора да победиме, но мора да бидеме трпеливи, тоа е клучот. Македонија се брани длабоко и опасна е во контранапади. Ги имаат Барди, Елмас, овие играчи живеат за контри, треба да бидеме внимателни“, рече Белами.

- Оглас -

Најнови вести