Белгија има предност (0-1) на полувреме во Скопје (Видео)

Фудбалската репрезентација на Белгија има водство од 0-1 против Македонија по првото полувреме на Арената Тодор Проески во квалификацискиот дуел за СП 2026. Максим де Кујпер беше стрелец на голот за Белгијците во 29-та минута од мечот.


Македонија може да жали затоа што само две минути претходно во една акција двапати го погоди дирекот, прво Елиф Елмас со шут од 25 метри, а потоа и Алиоски од одбиената топка погоди во другиот дирек.


Максим де Кујпер во 29-тата минута сепак донесе предност за фаворитот Белгија. Тој се најде на вистинското место и од непосредна близина ја испрати топката во мрежата, по акцијата во која шутираше Лукаку, а нашите дефанзивци блокираа. Сепак, топката среќно дојде до Де Кујпер.

- Оглас -

Најнови вести