Натпреварот од квалификациите за Светското првенство 2026 помеѓу Македонија и Белгија ќе се игра пред речиси исполнет стадион. До сега се продадени над 25.000 билети, а доколку на тоа се додаде дека ќе има и гостински навивачи на источната трибина, каде ќе бидат присутни и младите фудбалери кои играа во Детската лига на ФФМ, тогаш може да се очекува дека мечот на Националната арена „Тодор Проески“ ќе се игра пред околу 30.000 гледачи.
Интересот на љубителите на фудбалот е голем, па нема да биде изненадување доколку до почетокот на натпреварот бидат продадени сите билети кои се пуштени во продажна преку платформата на ФФМ.