Белгија за 16 минути покажа колку може да биде моќна, ја „покори“ Украина

Репрезентацијата на Белгија останува да биде дел до елитниот А сегмент во Лига на нации, откако во реваншот со 3:0 ја победи Украина. Оваа победа од 3:0 беше доволно да се анулира предноста на Украина од 3:1 што ја имаше по првиот меч.

Дуелот кој се играше во Генк не делуваше дека ќе биде со среќен крај за домаќините затоа што до 70-тата минута резултатот беше 0:0. Сепак, тогаш „се разбудија“ домаќините. Де Кјупер погоди за 1:0, а потоа следуваа и двата погодоци на Ромелу Лукаку во 76 и 86 минута за победа од 3:0, токму толку, колку што требаше да се радуваат за опстанок во А сегментот.

Белгија е селекција која е во група со Македонија во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година.

 

- Оглас -

Најнови вести