Кошаркарите на Барселона 11-ти натпревар по ред, односно петтипат по ред на гостински терен ја совладаа Црвена ѕвезда, откако вечерва победија со 76-85 во Белград.
Откако мечот започна израмнето, „каталонците“ ја покажаа својата класа во втората четвртина која ја добија со 27-15 и заминаа на паузата со убедлива предност од 13 поени.
Второто полувреме мина во израменета игра, но кошаркарите на Црвена ѕвезда никако не успеваа резултатски да се вратат во игра и да внесат неизвесност во мечот. На крајот се покажа дека токму оние 12 поени разлика кои ги направи Барселона во втората четвртина беа клучни за победата.
Недовиќ со 21 поен беше најефикасен на мечот, но не успеа да и помогне на својата екипа да дојде до поволен резултат.