Белорусите го изнервираа Перуничиќ

Белорусија во Грац ја победи Србија со 35-30, а Германија во Трондхајм беше подобра од Холандија со 34-23 во првите два натпревари на Европското првенство во ракомет за мажи. И Србите и Лалињата се распаднаа во второто полувреме.

Каралек со 9 гола беше најефикасен кај Белорусија, а по пет дадоа Кулеш и Шилович. Радивојевиќ со 6 и Сретеновиќ со 5 гола беа најпрецизни во српскиот тим на чија клупа е легендата Ненад Перуничиќ. Во група со Србија и Белорусија се Хрватска и Црна Гора, па на нашите соседи нема да им биде лесно да се пласираат во следната фаза.

Во германскиот национален тим се истакна голманот Андреас Волф, кој имаше 41 процент успешност. Холанѓаните му шутнаа 29 пати, а Волф имаше 12 одбрани.

- Оглас -

Најнови вести