Белорусите не сакаат странци да им кажуваат дали да играат или да прекинат

Функционерот во Фудбалскиот сојуз на Белорусија, Александар Алеиник, порача дека фудбалот во неговата земја нема да биде запрен и дека властите најдобро знаат што е најдобро.

Во белоруската Премиер лига се одиграа осум кола, а се појавија и први случаи на фудбалери заразени со корона-вирус. Екипата на Минск ќе прескокне едно коло, а одлуката да се игра првенството беше осудена од Меѓународниот синдикат на фудбалери ФИФПро.

„Кога почна сезоната, имавме помалку од 100 случаи на заразени во државата. Беа спроведени мерки за спречување на ширењето на вирусот. Клубовите добија препораки. Во просек, имаме по 2.000 гледачи, а сезонава просекот падна. Не ги затворивме стадионите, но навивачите се на безбедна дистанца и користат антибактериски гелови при влез. Одлуката да се игра е донесена врз основа на информациите кои ги добивавме од здравствените работници. Веруваме во здравствениот систем. Не е во ред кога некој од странство ќе каже дека не е во ред да се игра, ние што сме внатре во Белорусија имаме подобро чувство и подобро знаеме од нив што се случува во нашата земја“, вели Алеиник.

- Оглас -

Најнови вести