Бенфика е држава – Им плаќале на судиите со ваучери

Бенфика е во фокусот на фудбалскиот скандал во Португалија, а има истрага за поткупување судии, и тоа со ваучери. Се работи за мала сума од 600 евра, но 37-кратниот првак на оваа земја може да се соочи со голема казна ако на суд се уврди дека информацијата што ја објави „ТВИ“ е вистинита.

Неколку седмици претходно, големиот градски ривал на Бенфика, Спортинг ги обвини раководните лица на Португалската федерација дека ѝ прогледуваат низ прсти на најтрофејната екипа во Португалија и најавија дека имаат докази за мито од страна на популарните Орли.

Тогаш беше објавено дека судиите добивале гратис влезници за мечевите на Бенфика, а реагираа и Порто и уште неколку клубови, кои се жалеа на привилегираниот статус на двојниот европски првак.

Бенфика води мртва трка со Порто за титулата во португалското првенство и по 22 кола е лидер со 57 бода, еден повеќе од популарните Змејови.

 

- Оглас -

Најнови вести