Бенфика е заинтересирана во своите редови да го врати аргентинското крило Анхел Ди Марија, а со него од ПСЖ би го привлекле и напаѓачот Единсон Кавани. Но, амбициите не застануваат тука. Тренерот Жорже Жезус сака да донесе и две ѕвезди од бразилското првенство во кое работеше до неодмна, а тоа се Евертон од Гремио и Бруно Енрике од Фламенго.
Доколку Бенфика го доведе овие засилувања, би имала дрим-тим за португалски услови, коментираат португалските медиуми.
За Кавани и претходно се спомнуваше дека Бенфика е заинтересирана, но интересна е и нова идејата да го вратат Ди Марија, кој во минатото (од 2007 до 2010 година) играше за Бенфика, пред да замине во Реал Мадрид. Договорот на 32-годишниот Ди Марија истекува во 2021, па ПСЖ летово ќе сака да ги слушне понудите за него, за да не го загуби бесплатно во следното лето.