Бенфика и Интер вечерва ќе бидат во сенка на дуелот на Манчестер сити и Баерн Минхен, но лисабонските Орли и Нераѕурите од Милано исто така ќе видат голема битка за место во полуфиналето на Лигата на шампионите.
„Проколнатата“ Бенфика 33 години не играла полуфинале, но играат добро и веруваат дека може да го елиминираат Интер, од кого загубија во финалето во далечната 1965 година. Интер во осминафиналето го елиминира Порто и сега повторно оди на мегдан против португалски клуб.
Бенфика заедно со Наполи се тимовите кои најмногу шутираат на гол сезонава во ЛШ, а Интер е тим кој игра цврста одбрана и ривалите ги држи подалеку од својот гол, па ова ќе биде и дуел на две различни концепции.