Бензема имал две понуди – ја избрал полошата

Првиот човек на Лион, Жан Мишел Ола, изјави дека Карим Бензема лично одбрал да замине во Реал Мадрид, иако тоа лето имал финансиски попримамлива понуда од Манчестер јунајтед.

Францускиот напаѓач со алжирско потекло кариерата ја почна во Лион, даде 66 гола на 148 меча и одлучи да направи исчекор во кариерата потпишувајќи за Реал, а трансферот беше вреден 35 милиони евра.

„Откако ми кажа дека сака да замине од Лион, добив две понуди за Карим. Едната од Манчестер, другата од Реал. Ми рече: Сон ми е да играм за Реал Мадрид. Го продадовме во Мадрид, иако Јунајтед испрати подобра понуда“, се присетува Ола.

За оваа деценија во дресот на Кралскиот клуб, Бенезема има 236 гола на 483 меча и притоа освои четири титули во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести