Официјално: Бензема го пропушта Светското првенство (Видео)

Карим Бензема не го издржа денешниот тренинг на француската репрезентација и голгетерот мораше предвреме да си замине од теренот. Фудбалерот кој неодамна беше прогласен за најдобар во светот и ја освои „Златната топка“, многу веројатно дека нема да биде подготвен за Светското првенство.

Првата ѕвезда на француската репрезентација вечерва беше на прегледи во клиниката Аспетар, а на неговото лице можеше да се забележи нерасположение, но што е уште полошо е дека Бензема поткривнуваше на едната нога.

Веднаш потоа стигна и официјална потврда од француската репрезентација дека Бензема е повреден и нема да може да игра на Светското првенство во Катар.

- Оглас -

Најнови вести