0.8 C
Skopje
вторник, 3 февруари 2026

Бензема направи огромно предавство, го напушти Ал-Итихад и потпиша за најголемиот ривал

Легендарниот француски напаѓач Карим Бензема е нов играч на Ал-Хилал. Тој пристигнува од ривалскиот Ал-Итихад, најтрофејниот тим во Саудиска Арабија.

Бензема направи огромно предавство, го одби Ал-Итихад, навреден од скромната понуда за продолжување на соработката, а потоа вечерва потпиша со најголемиот ривал, Ал-Хилал.

Бензема се приклучи на неколку други големи ѕвезди кои играат за Ал-Хилал. Меѓу нив се Дарвин Нуњес, Рубен Невеш, Тео Ернандес, Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Калиду Кулибали, а легендарниот Французин ќе биде огромно засилување за клубот.

Бензема пристигна во Ал-Итихад во летото 2023 година со еден од најголемите договори во историјата на фудбалот – вреден 100 милиони евра годишно.

Сепак, пред неколку дена избувна целосен хаос. За време на преговорите за продолжување на соработката, францускиот напаѓач беше изненаден од понудата на клубот, кој сметаше дека Бензема земал доволно пари во претходните две и пол години. Му беше понудено да игра бесплатно, со 100% заработка од имиџ правата, што тој го одби.

Потоа одби да настапува за клубот и вечерва ја комплетираше трансферската сагa која ја потресе фудбалската јавност. Ова сигурно може да се третира како големо предавство, слично на премин од Реал Мадрид во Барселона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести