Бензема не тренираше, нема надеж дека ќе игра задутре против Аталанта

Реал Мадрид е на големи маки пред првиот осминафинален дуел во Лигата на шампионите против Аталанта во Бергамо задутре од 21 часот.

Иако Кралевите се надеваа дека Карим Бензема ќе можа да игра, сепак, првиот напаѓач и стрелец на тимот денеска не тренираше со соиграчите и речиси сигурно нема да настапи против Аталанта.

Шпанските медиуми објавија дека ниту еден од останатите фудбалери кои се повредени и отсутни извесен период нема да играат во Бергамо.

Тоа би значело дека најтрофејниот шпански клуб ќе мора да игра и без капитенот Серхио Рамос, потоа и Карвахал, Азар, Марсело, Милитао, Родриго, Валверде, Одриозола или заедно со Бензема, без вкупно деветмина играчи, поголем дел од нив и првотимци.

Кај Аталанта можно е да отсуствува само Хатебур, што им дава предност на домаќините на првиот дуел од осминафиналниот двомеч во Лигата на шампионите.

 

- Оглас -

Најнови вести