Бензема се посрамоти со тоа како го изведе пеналот во Севилја, па неговиот тим загуби (Видео)

Карим Бензема и неговиот тим Ал Итихад се подготвуваат за почетокот на новата сезона во првенството на Саудиска Арабија, но според покажаното на последниот контролен дуел, не им се пишува добро.

Ал Итихад загуби од Севилја на пријателскиот меч во Андалузија со 1:0, а Бензема промаши пенал. Се играше 18 минута кога беше досуден пенал за Ал Итихад и нормално беше дека Бензема ќе ја превземе одговорноста. Ја намести топката, шутираше и го промаши цел гол, па топката замина во гол-аут.

Ова е само една од низата лоши игри на Бензема во тимот на Ал Итихад. Францускиот голгетер во минатата сезона трпеше голем број на критики поради неговата игра.

По промашениот пенал на Бензема, следуваше казна на спротивната страна. Во 42 минута беше досуден пенал за Севилја, а Лукас Окампос покажа како се изведува удар од белата топка и погоди за 1:0 за шпанскиот тим. На крајот, токму тој погодок на Окампос беше доволен за победа на Севилја против екипата за која игра Бензема.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести