Флорентино Перес останува претседател на Реал Мадрид и во следните четири години, откако убедливо победи на претседателските избори во клубот.
Неговиот противкандидат Енрике Рикелме во кампањата ветуваше дека ќе го донесе Ерлинг Халанд на „Сантијаго Бернабе“, но очигледно не успеа да ја добие довербата на мнозинството членови на клубот.
Перес освои околу две третини од гласовите, а сега вниманието е насочено кон неговото ветување дека ќе реализира големо засилување вредно 150 милиони евра.
„Со мене во Реал Мадрид секогаш ќе играат најдобрите фудбалери во светот, а така ќе биде и следната сезона“, изјави Перес за време на изборната кампања.
Првото ветување веќе го исполни. Веднаш по прогласувањето на победата, за време на победничкиот говор, тој потврди дека Жозе Мурињо е нов тренер на Реал Мадрид.
🚨💣 Florentino Pérez: “We are proud to welcome back one of the best coaches in the world, a proper Madridista…
…José Mourinho”. 🔙 pic.twitter.com/b2kyxLmESr
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 7, 2026
„Горд сум што можам да го објавам враќањето на еден од најдобрите тренери во светот, Жозе Мурињо“, изјави Флорентино Перес по победата на претседателските избори во Реал Мадрид.
Самите избори не поминаа без контроверзии. Броењето на гласовите започнало дури час и половина по затворањето на избирачките места, откако биле поништени околу 400 гласа за Перес поради двојни потписи.
На крајот тие гласачки ливчиња не биле земени предвид, но од изборниот штаб на Енрике Рикелме тврдат дека требало да бидат поништени најмалку уште илјада гласа во корист на Перез.
Според официјалните резултати, изборите донеле рекордна излезност меѓу членовите на клубот. Перес освоил 65 проценти од гласовите, односно поддршка од 21.741 член, додека Рикелме добил 35 проценти или 11.814 гласа.
Со оваа победа, Перез ќе го започне својот осми мандат на чело на Реал Мадрид.

