Бензема со чудо кое никогаш не е видено во историјата на ЕП

Карим Бензема по пет и пол години пауза се врати во дресот на француската репрезентација и сега блеска на Европското првенство. Голгетерот на Реал Мадрид, погоди два пати на последниот меч против Португалија, во ремито од 2:2.

Португалија прва даде гол, но потоа следуваа два погодоци на Бензема за пресврт, за да на крајот Роналдо повторно биде прецизен за 2:2. Погодоците кои Бензема ги даде против Португалија имаат една неверојатна сомболика. Двата погодоци се постигнати во „иста секунда“.

Како е можно да се даде гол во иста секунда? Првиот гол на Бензема е постигнат во втората минута од судиското надополнување, односно точно во 45+1,44 минута, односно точно 46 минута и 44 секунда. Потоа следуваше полувремето, за да на стартото од вториот дел Бензема повторно ја затресе мрежата на Португалија и тоа точно во 46 минута и 44 секунда, што практично е иста секунда според мерењето на голот во првото полувреме.

 

- Оглас -

Најнови вести