Бензема упати порака која го „крши срцето“

Карим Бензема нема да игра за Франција на Светското првенство кое денеска започнува во Катар. Оваа одлука синоќа и дефинитивно беше потврдена, откако Бензема се повреди на последниот тренинг и мораше предвреме да го напушти теренот.

По направените лекарски прегледи во клиниката, мораше да биде донесена одлука за Бензема да се повлече од тимот.

„Во животот никогаш не сум се откажувал, но овојпат немам друга опција. Морам да мислам на екипата, како што тоа секогаш го правам. Затоа и се откажав, како би можел да му дадам шанса на некој друг играч да му помогне на нашиот тим на Светското првенство“, порача Бензема.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karim Benzema (@karimbenzema)

Ова за Бензема веројатно беше последна шанса да биде на Мундијал, затоа што во 2026 година кога ќе биде следниот планетарен собир ќе има дури 39 години.

- Оглас -

Најнови вести