Бензема: Уживам во фудбалот, жалам за свирежите!

Новиот капитен на Реал Мадрид, Карим Бензема, сезонава ја почна феноменално, засега има 13 гола и 7 асистенции во Лигата на шампионите и шпанската лига, а вечерва стана и стрелец на јубилејниот 1.000-ти гол за Реал, што е единствен ваков случај во најсилното клупско натпреварување.

Бензема, кој ја живее втората фудбалска младост, со два гола му донесе триумф на Кралскиот клуб против Шахтар од 2-1, а Французинот дојде и до бројка од 75 свои голови во ЛШ.

По првата европска победа на Реал на својот „Сантијаго Бернабеу“, по две години Бензема се осврна и на свирежите кои ги упати публиката за бледата игра на домашните.

„Уживам во секој натпревар и во мојот фудбал. Играме на секои три дена, напорно е, не може секогаш да се игра добро. Нормално е навивачите да бараат од нас да играме добро, постојано да напаѓаме и да даваме голови, ние се обидуваме постојано, но и Шахтар е добар тим“, изјави Бензема, кој доби и удар, но се надева дека ќе може да игра в сабота.

- Оглас -

Најнови вести