Берарди ќе биде опасен за Македонија, новиот повик од Манчини го прослави со стотиот гол во Серија А (Видео)

Доменико Бердарди е во топ-форма и тоа не е добро за Македонија, селекција против која играчот на Саусоло речиси сигурно ќе игра како стартер за Италија на 24. март во Палермо на бараж мечот за настап на Светското првенство во Катар.

Роберто Манчини очекувано го повика офанзивецот на Саусоло за дуелот со Македонија, а Берарди прослави со два гола против Специја и со стоти гол во Серија А.

Најпрво во 17. минута од пенал, 27-годишното десно крило на Саусоло погоди од пенал, што му беше 99-ти погодок во Калчото, а веднаш на стартот од второто полувреме беше прецизен и од игра за јубилеен 100-ти гол за италијанскиот прволигаш.

Јубилејниот погодок на Доменико можете да го погледнете ОВДЕ.

Сасуоло ја победи Специја со 4:1, а интересно е дека стрелци за домаќините беа и Кан Ајхан, кој е турски репрезентативец и можен противник на нашата селекција во финалниот бараж и Џанлука Скамака, кој е на списокот на Италија што денеска го објави Роберто Манчини. 

Берарди досега има играно само за Сасуоло, а иако беше член на Јувентус од 2013 до 2015 година, воопшто не играше за Старата дама и тој период го мина како позајмен фудбалер во Сасуоло.

 

 

- Оглас -

Најнови вести