16.8 C
Skopje
недела, 28 септември 2025

Бернардо Силва ќе ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија?

Фудбалерот за врска на Манчестер сити, Бернардо Силва, може на крајот од сезоната да го напушти „Етихад“ и да ја продолжи кариерата во Саудиската професионална лига.

Договорот на Португалецот истекува следното лето, а засега нема најава за продолжување, што отвора можност за заминување како слободен играч. Според медиумите, Силва во изминатите две години веќе имал контакти со посредници од Блискиот Исток.

Уште во 2023 година, Ал-Хилал му понуди неверојатни 500.000 фунти неделно, но тогаш Силва реши да остане во Сити. Минатото лето интересот повторно се појави, но поради Светското првенство 2026, тој одлучи уште една сезона да игра под водство на Пеп Гвардиола.

Сега трансфер во Саудиска Арабија изгледа како многу реална опција. Лигата активно се стреми кон португалски играчи, продолжувајќи го ефектот што го создаде Кристијано Роналдо со трансферот во Ал-Наср. За Силва веќе се интересираат Ал-Ахли, каде би се сретнал со поранешниот соиграч Ријад Марез, и Ал-Кадисија, каде настапуваат неговиот сонародник Отавио и поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид, Начо.

Бернардо Силва е дел од Манчестер сити од 2017 година, со 414 натпревари, 72 голови и 74 асистенции, а во неговата колекција има 17 трофеи, меѓу кои шест титули во Премиер лигата и една во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести