18.8 C
Skopje
среда, 1 октомври 2025

Бернардо Силва: „Тешко е да се каже дали ќе ја освоиме Премиер лигата“

Манчестер сити вечерва му гостува на Монако во Лигата на шампионите, а Бернардо Силва ќе има можност да игра против својата поранешна екипа. Сепак, во фокусот на прес-конференцијата беа други теми, а тоа е дали Граѓаните може да се вратат на шампионските патеки.

„Тешко е да се каже дали ќе ги освоиме Премиер лигата и Лигата на шампионите. Би сакал да имам одговор на ова прашање, но реалноста е дека во последните шест месеци многу работи се сменија. Потребно ни е време да се прилагодиме, да се вратиме на нивото на коешто бевме. Овој разговор треба да го водиме во февруари или март, кога ќе знаеме до каде сме. Она што навистина го сакам е да се подобруваме од ден во ден и да се вратиме на нивото на кое бевме. Овие играчи имаат потенцијал за освојување на трофеи, само е прашање на време“, рече Силва.

- Оглас -

Најнови вести