Шпанскиот дефанзивец од ПСЖ, Хуан Бернат, во интервју за еден француски медиум изјави дека според него, најкомплетен фудбалер на Светците е популарниот Ел Фидео, аргентинското крило Анхел ди Марија.
„Нејмар е магионичар, Мбапе е експлозивен и силен, Икарди е убиец, Кавани е матадор, Дракслер е квалитетен. А, Ди Марија е сето тоа, најкомплетен, супериорен, импресивен“, изјави Бернат, кој е еден од четворицата Шпанци во тимот, заедно со Сарабија, Ерера и Рико, а призна дека најмногу се дружи со нив и со Јужно-американците.