Беса, Пелистер и Тетекс кикснаа, најмногу искористи Детонит Плачковица

Фудбалските второлигаши го одиграа редовното, деветто коло, во кое беа постигнати неколку неочекувани резултати. Лидерот на табелата, Беса, одигра само 0-0 на гостувањето во скопска Автокоманда против Скопје, а со ист резултат ремизираше и Тетекс на гостувањето во Неготино, против Вардар.

Кикс и на Пелистер, кој одигра само 1-1 на гостувањето кај Арсими, кој најмногу го искористи екипата на Детонит Плачковица, која со убедливи 3-0 на домашен терен го совлада Осогово.

Беса останува лидер со 22 бодови, по три повеќе од Детонит Плачковица и Охрид, додека Пелистер падна на четвртата позиција со 18 поени.

Резултати:

Арсими – Пелистер 1-1
Плачковица – Осогово 3-0
Скопје – Беса 0-0
Караорман – Башкими 1-2
Кожуф – Победа 0-0
Новаци – Охрид 1-3
Саса – Беласица 2-4
Вардар Н. – Тетекс 0-0

- Оглас -

Најнови вести