Беше еден од најдобрите дефанзивци на светот, како тренер реди само откази

Јап Стам беше еден од најдобрите дефанзивци во играчката кариера, човек што освои многу титули со ПСВ Ајндховен, Манчестер јунајтед, Лацио, Милан и Ајакс, но како тренер има многу неуспеси и откази.

Денеска доживеа нов непријатен момент во тренерската кариера и е сменет од позицијата шеф на стручниот штаб во Синсинати.

Екипата од МЛС-лигата е претпоследна на табелата во Источната конференција и нанижа три порази по ред, па Стам доби отказ.

„Ние сме амбициозен клуб, но немаше успеси во последно време. Одлучивме да направиме смена на тренерската позиција за доброто на клубот. Му благодариме на Јап што беше со нас и му посакуваме многу успех во кариерата“, објави Синсинати на клупската интернет-страница.

Стам добиваше откази и во Ридинг по незгодниот биланс од само една победа на 18 меча, потоа си замина и од Цволе и од Феенорд, а сега доби отказ и во Синсинати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести