Беше голема надеж на Реал и сега игра во Шпанија, но заборавен е од сите: Мислев дека сум Господ

Пред точно 15 години, Реал Мадрид плати 14 милиони евра за да го доведе тогаш младиот и талентиран Ројстон Дренте од Феенорд. Дренте тогаш беше голема надеж на холандскиот фудбал, а 15 години подоцна тој уште игра во Шпанија, но далеку е од Реал Мадрид. Фудблерот кој има 35 години е дел од шестолигашот Расинг Мерида, анеговата вредност сега се проценува на 25.000 евра.

„Имав само 20 години и бев на врвот на кариерата. Не можам да опишам каква лудница се случуваше околу мене. Ми се исполни сонот кога влегов во соблекувалната на Реал Мадрид. Тие спомени никогаш нема да ги заборавам, но вистината е дека не бев подготвен да бидам професионалец. Мислев дека сум Господ и многу сакав да излегувам навечер. За да се остане во фудбалскиот врв не може да се излегува и забавува и да се игра фудбал“, вели Дренте.

Договорот на Дренте со Реал беше на пет години, но тој одигра само 65 меча во кои даде четири погодоци, а две сезони играше како позајмен фудбалер во други клубови и кариерата почна да му оди во надолна линија, а многу е здебели.

Минатата сезона беше промовиран како играч на четвртолигашот Расинг Мурсија каде бил дочекан со овации, но откако тимот не успеа да се избори за влез во подобар ранг, Дренте бил потенциран како главен виновник за неуспехот.

Дренте веќе има 35 години и му останува само да се сеќава на моментите кога беше дел од Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести