Беше и „златна копачка“ во англискиот фудбал, а сега работи како ѕидар

Секој фудбалер има своја приказна, некоја почудна, некоја пореална. Меѓу оние кои може да жали што немаше подобра кариера е Били Ки, име познато за оние кои следеле англиски фудбал во пониските лиги.

Се работи за играч кој е легенда на Акрингтон Стенли, клуб за кој одигра 174 меча во кои постигна 68 погодоци. Најсјајниот период од кариерата Били Ки го имаше во периодот од 2015 до 2018 година кога беше на мета и на голем број познати англиски клубови како што се Лидс, Шефилд и Астон вила, но тој остана верен на Акрингтон.

Ки не ни можел да верува дека за брзо време ќе се прости од фудбалот и дека ќе мора да заработува на друг начин. Во 2020 година ја заврши кариерата и тоа со само 29 години, поради неговата борба со депресијата.

Голгетерот едноставно не можел да го прифати животот на професионален фудбалер кој бара често да се биде одвоен од семејство, па решил да се повлече.

Во 2018 година Ки беше најдобар стрелец во Лига Два (четврта лига во Англија), а интересно е дека ја има освоено и „Златната копачка“ за најефикасен фудбалер на Островот.

Откако престана со активното играње фудбал, Ки морал да научи занает и сега работи како ѕидар. Едноставно притисокот што му го создаде фудбалот не можел да го издржи, па сега на своите колеги само може да им раскажува за времето кога можел да игра во екипи кои сега се дел од Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести