Беше најскап фудбалер во свет, а сега снима реклами за градежен материјал (Видео)

По завршување на Светското првенство во 1998 година, кога Бразил во финалето загуби од Франија со 3:0, се случи најскапиот трансфер во историјата на фудбалот дотогаш. Бразилецот Денилсон одигра одлично на Мундијалот и тоа беше сигнал дека треба да си замине од Сао Пауло.

Шпанскиот клуб Бетис беше тој кој понуди за тоа време неверојатна сума, која изнесуваше како сегашни 31,5 милиони евра (во 1998 година еврото уште не постоеше) за комплетирање на трансферот. Денилсон потпиша 12-годишен договор со Бетис, но се покажа дека заминувањето во овој клуб беше целосно промашување за него.

Во две сезони постигна само пет голови, па беше даден на позајмица во Фламенго. Во 2005 година повторно се обиде да заигра во Европа, но само по една сезона помината во Бордо, замина во Ал-Наср. Кариерата ја заврши во 2010 година, играјќи за грчкиот тим Неа Кавала. Денилсон одигра 61 меч за бразилската репрезентација, а има постигнато и осум погодоци.

По завршување на кариерата, Денилсон се дистанцираше од фудбалот. Сега, за време на Копа Америка во Бразил, тој повторно стана актуелен, но не поради фудбалот, туку поради рекламата која ја снимаше за градежен материјал.

https://twitter.com/i/status/1140514077598519296

- Оглас -

Најнови вести