Дејан Кулушевски нема да игра за Шведска на Светското првенство

Селекторот на фудбалската репрезентација на Шведска, Грем Потер, го објави поширокиот список за Светското првенство 2026.

Во изборот нема поголеми изненадувања. Очекувано, надвор од составот остана Дејан Кулушевски, кој сè уште закрепнува од повреда.

На прес-конференцијата, Грем Потер истакна дека одлуката била исклучително тешка, имајќи ја предвид состојбата на играчот и фазата на неговата рехабилитација.

Тој нагласи дека иако Дејан Кулушевски има квалитет да биде клучен играч, нема доволно време целосно да се врати во натпреварувачка форма за турнир од таков ранг.

Селекторот додаде дека од играчите со повреди не може да се очекува максимален придонес на големо натпреварување, каде што интензитетот и физичката подготвеност се клучни фактори.

Во составот го нема ниту Руни Бардаџи, кој во последниот период добива ограничена минутажа во Барселона.

Потер сепак изрази оптимизам околу формата на Александар Исак, истакнувајќи дека очекува тој да влезе во врвна форма до почетокот на Светското првенство. Според него, ако биде целосно подготвен, Исак е играч од светска класа и клучна фигура за тимот.

Останатите имиња во составот претставуваат комбинација од искусни репрезентативци и млади таленти, со цел Шведска да биде конкурентна на Мундијалот 2026.

- Оглас -

Најнови вести