Бешикташ атакува на двојна круна, реми на „Стемфорд бриџ“ им одговара Црвените

1001 Челзи – Лестер (21:15ч)

Челзи има намера да им се реваншира на Лисиците за поразот во финалето од ФА купот претрпен во саботата. Сините со победа речиси сигурно ќе се пласираат во Лигата на шампионите, додека на истото се надева и Лестер.

Пораз на било која екипа му одговара на Ливерпул, кој од петтото место заостанува еден, односно два бода зад вечерашните ривали. И со реми Црвените нема да се жалат, што значи на „Стемфорд бриџ“ ќе има тактичка борба во која победникот повторно може да се реши со еден гол како што беше на „Вембли“.

Лестер памети само еден пораз и една победа во последните пет гостувања во Западен Лондон, минатото докажува дека ќе нема многу голови вечерва.

Предлог тип: 1X & 0-2 (2.03)

 

1002 Maнчестер јунајтед – Фулам (19ч)

Фулам гостува на „Олд трафорд“ да си ја одбрани честа иако веќе испадна, но и Јунајтед не смее да дозволи повеќе киксови на домашен терен и може да се очекува победа на тимот на Солскјер.

Густиот распоред не беше во полза на вицешампионот кој загуби на свое тло од Лестер и Ливерпул во само три дена, а трето разочарување во низа и тоа како може да влијае врз самодовербата на фудбалерите на Јунајтед.

Фулам успеа да остане непоразен во само едно од последните 10 гостувања кај најтрофејниот англиски клуб, што е доволен доказ дека малиот клуб од Лондон е пред 20-тиот пораз сезонава.

Предлог тип: 1 & T1 2+ (1.57)

 

1003 Саутхемптон – Лидс (19ч)

Лидс се надева дека резултатите во последните две кола ќе им излезат во пресрет за тимот на Бјелса да стигне до седмото место кое води во Конференциската лига. Алиоски и дружината треба да продолжат со победничкиот ритам, а воедно Вест хем, Евертон и Арсенал да ги загубат преостанатите натпревари.

Иако тоа сценарио е речиси невозможно, убаво ќе биде за Лидс да влезе во серија победи откако претходно издоминира против Тотенхем и Барнли. Ова ќе им биде прво гостување на „Сент Мери“ во премиерлигашки рамки по пауза од 17 години, а Лидс од 2005 година нема остварено гостински триумф против Светците.

Предлог тип: ГГ3+ (1.71)

 

1968 Анталијаспор – Бешикташ (19:45ч)

На максимално драматичен начин Бешикташ ја освои титулата во Турција, па сега новиот шампион атакува на двојна круна како голем фаворит во финалето од Купот на Турција.

Анталија едвај се спаси да остане во елитата, но подвигот во купот и тоа како влијае врз самодовербата на оваа екипа дека може да направи изненадување.

Кога во прашање се дуелите на овие две екипи, речиси редовно се тресат мрежите на двете страни. Во последните пет меѓусебни средби Бешикташ оствари две победи во однос на еден триумф на Анталија, но немаше победник во овосезонскиот двомеч во Суперлигата при две ремија од 1-1.

Предлог тип: X2 & 0-1 прво (1.90)

 

3001 Лацио – Торино (20:30ч)

Лацијалите сигурно ќе играат во Лигата на Европа, иако сонот им беше повторно да се пласираат во ЛШ. Сега кога веќе нема шанси за такво нешто, може да им излезат во пресрет на Биковите кои треба да го обезбедат опстанокот за што им е доволен и бод.

Само во еден од последните пет меѓусебни дуели не се треселе двете мрежи, а исто така само во еден меч немало повеќе од три гола. Овосезонската пресметка во Торино во која имаше голеада од седум погодоци, ветува дека и во Рим ќе се гледа ефикасен меч.

Предлог тип: 1+I & 2+II (2.40)

- Оглас -

Најнови вести