1010 Брајтон – Борнмут (21 ч.)
Дуел на две екипи кои се на средината на табелата во Премиер лигата. Борнмут е еден од четирите тима кои примија 40+ погодоци, што потврдува дека имаат лоша одбрана.
Брајтон игра добро дома и во 10 меча има само еден пораз, што значи дека домашните фанови очекуваат нови бодови. На последните пет меѓусебни дуели на овие ривали секогаш имало 3+ погодоци.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.81)
3615 Лацио – Комо (20:45 ч.)
Делува нереално, но Лацио не е фаворит на „Олимпико“ против Комо. По звучноста на екипите тоа е чудно, но Комо има одична сезона и има само четири порази во 20 меча, па со 34 бодови и на шестото место во Серија А и има шест бодови повеќе од Лацио.
Лацио игра многу дефанзивно и на 14 од последните 15 меча сезонава одигра со не повеќе од два гола.
Предлог тип: 1Х&0-2 (2.12)
1365 Елче – Севилја (21 ч.)
Севилја е во лоша низа и има три порази по ред и со само 20 бодови е на еден бод од зоната за испаѓање. Токму затоа гостите сигурно ќе се обидат да нападнат, иако Елче е тим кој на домашен терен има пет победи, четири реми и само еден пораз.
Ако се погледнат последните шест меѓусебни дуели, Севилја има три победи и три нерешени, па сигурно гостите ќе сакаат оваа серија да продолжи.
Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.20)
1958 Бешикташ – Кајсериспор (18 ч.)
Бешикташ влезе во добра серија без пораз, а на дуелот против Кајсериспор се очекува лесно да победат затоа што гостинот е во зоната за испаѓање. Бешикташ игра офанзивно, но има слаба одбрана.
Седум победи и едно реми има Бешикташ во последните осум пресметки со Кајсериспор.
Предлог тип: 1-1&3+ (2.40)
2901 Петролул – Универзитатеа Крајова (19 ч.)
Гостите се во ситуација со победа да се вратат на првото место на табелата во романското првенство. Од друга страна, Петролул има само 20 бодови од 21 натпревар и сезонава ќе се бори да не испадне.
Петролул е тим кој игра многу цврсто со малку погодоци, па сигурно домаќините ќе бидат задоволни ако го сопрат нападот на фаворитот.
Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.07)

