Мароканската ѕвезда Хаким Зијех има понуда од турскиот Бешикташ и можно е сепак да си замине од Челзи откако му пропадна договорената позајмица во Пари Сен Жермен.
Некогашниот играч на Ајакс сакаше преселба во ПСЖ, но поради административна грешка од страна на неговиот клуб Челзи, тоа не се оствари. Зијех е свесен дека за него нема место во тимот и дека ќе дреме на клупа, па затоа сака да си замине, а спасот за него можеби доаѓа од Турција, каде што преодниот рок трае уште шест дена.
Бешикташ почнал преговори со агентот на Зијех, останува да се види дали тој ќе прифати позајмица во турскиот гигант.